Раководството на загрепската Локомотива доживеало тешка сообраќајна несреќа на автопатот А3, додека се враќало од гостување во Осиек.
Во несреќата, која се случила во сабота навечер, повредени се директорите на клубот Боже Шикиќ и Денис Гудашиќ. До инцидентот дошло во невообичаени околности кога на возилото во движење налетал елен, поради што возачот изгубил контрола и дошло до силен судир.
Клубот од Кајзерица потврдил дека Гудашиќ е потешко повреден и е хоспитализиран во болница во Славонски Брод, додека Шикиќ поминал со полесни повреди. Двајцата се во стабилна состојба и не се во животна опасност.
Од клубот порачуваат дека се благодарни што последиците не се посериозни и им посакуваат брзо закрепнување на повредените.







