ПРВ.мк
Балкан

Тенкови во Белград пред масовните студентски протести – дали парадата ќе ја разгори ситуацијата?

Тенкови во Белград пред масовните студентски протести – дали парадата ќе ја разгори ситуацијата?

На социјалните мрежи кружат видеа од возови и камиони кои носат тенкови кон српската престолнина. Ова предизвика силни реакции и загриженост кај јавноста, бидејќи сè повеќе студенти најавуваат масовни протести во Белград. Дел од граѓаните сметаат дека присуството на тешка воена техника може дополнително да ја вжешти атмосферата во градот.

Тенковите и воените возила се транспортираат како дел од подготовките за големата воена парада под името „Силата на единството“, која е закажана за 20 септември. Организацијата на овој настан веќе предизвикува сериозни блокади низ делови од Белград, што дополнително ја отежнува ситуацијата, а дел од демонстрантите јавно повикуваат парадата да биде спречена.

Српскиот претседател Александар Вучиќ уште во јули ја најави парадата, велејќи дека тоа ќе биде можност јавноста да ги види новите капацитети и моќта на српската армија. Тој нагласи дека изминатите месеци се вложувало во модернизација и зајакнување на воените сили, а со овој настан ќе бидат прикажани, како што рече, „огромните промени“ што досега биле чувани во тајност.

Набргу по парадата, од 23 до 26 септември, Белград ќе биде домаќин на саемот за оружје и воена опрема „Партнер-25“, што дополнително ќе го задржи фокусот на јавноста врз воените активности на Србија.


Видео:

Escape