ПРВ.мк
Балкан

Трагедија: Почина режисерот зад култниот „Подобар живот“

Трагедија: Почина режисерот зад култниот „Подобар живот“

Регионот денеска е потресен од веста за смртта на прославениот режисер Михаило Вукобратовиќ. Тој почина на 7 септември во болницата КБЦ Земун, на одделот за неврохирургија, откако со месеци се бореше со тешки повреди.

Вукобратовиќ бил примен во болница на 28 јуни, кога за време на снимање на една серија паднал и се здобил со сериозни повреди на главата и ‘рбетот. И покрај напорите на лекарите, неговата здравствена состојба не можела да се стабилизира.

Неговото име засекогаш ќе остане запаметено во историјата на телевизијата. Јавноста го памети пред сè по култната серија „Подобар живот“, но неговото творештво е многу пошироко. Вукобратовиќ стои зад бројни успешни проекти, меѓу кои „Бел брод“, „Семејно богатство“, „Доларите доаѓаат“, „Херои на нашето време“, „Вистини и лаги“ и „Играта на судбината“.

По повод неговата смрт, со емоционална порака се огласи актерката Лидија Вукиќевиќ, негова долгогодишна колешка и пријателка: – Многу ми е жал. Прекрасен човек и одличен режисер. Работеше на половина од „Подобар живот“, а соработувавме и на „Играта на судбината“. Беше разумен, смирен, добар пријател и колега. Веста за неговата смрт многу ме потресе – изјави таа за „Блиц“.

Вукобратовиќ остави белег и во театарот. Дванаесет години беше директор на театaрот „Теразије“, каде што беа поставени незаборавни мјузикли како „Чикаго“ и „Зона Замфирова“.

Со неговата загуба, српската и регионалната култура остануваат без еден од најзначајните уметници кој остави трајна наследство зад себе.

Escape