ПРВ.мк
Балкан

СПРЕЧЕН ОПАСЕН ШВЕРЦ: Маж пренесувал деца мигринати преку граница!

СПРЕЧЕН ОПАСЕН ШВЕРЦ: Маж пренесувал деца мигринати преку граница!

Српската полиција спречила обид за илегален транспорт на мигранти на граничниот премин Стрезимировци кон Бугарија, каде во возило со нишки регистарски таблички биле откриени 12 лица без легален престој.

Според официјалните информации, возилото го управувал маж од Долевац, кој веднаш бил приведен откако полицијата извршила контрола на граничниот премин.

При дополнителна проверка било утврдено дека од вкупно 12-те мигранти, само двајца се полнолетни, додека останатите 10 се малолетни лица.

Сите мигранти, според податоците, потекнуваат од Авганистан.

По наредба на Вишото јавно обвинителство во Врање, на осомничениот му е одредено задржување до 48 часа. Тој се сомничи за кривично дело недозволен премин на државната граница и криумчарење луѓе.

Истражните органи продолжуваат со работа за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности околу обидот за шверц на мигранти.

Најнови вести