Во селото Балдрен, во близина на Лежа во Албанија, денеска се случи вооружен напад во кој животот го загуби брачен пар.
Според првичните информации, врз автомобил „Ауди“ во движење било пукано од друго возило кое исто така се движело, при што напаѓачите користеле автоматско оружје. По нападот, сторителите побегнале од местото на настанот.
Возилото било целосно пробиено од куршуми, а сопружниците починале на самото место.
Едната жртва е идентификувана како Крешник Мујечи, лице кое според албанските медиуми претходно имало криминално досие и било поврзано со сериозен криминален случај од 2016 година.
Истрагата за нападот е во тек, додека полицијата трага по напаѓачите.
Во меѓувреме, албанските медиуми известуваат дека викендов во земјата е забележан и зголемен број на тешки сообраќајни несреќи со повеќе жртви и повредени.







