ПРВ.мк
Балкан

СКАНДАЛ НА БАЛКАНОТ: Уапсен Македонец во Србија - еве како ги мамел пациентите!

СКАНДАЛ НА БАЛКАНОТ: Уапсен Македонец во Србија - еве како ги мамел пациентите!

Србијаската полиција уапсила 42-годишен државјанин на Северна Македонија, под сомнение дека извршил кривично дело измама, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.

Според истрагата, осомничениот лажно се претставувал како хирург и, во соработка со непознати соучесници, доведувал граѓани во заблуда дека е потребна итна операција на член од нивното семејство, за која барал паричен надомест.

Полицијата го уапсила непосредно по примопредавање на парите, при што кај него биле пронајдени 16.650 евра и 150.000 динари.

Истрагата покажува дека групата дејствувала од ноември 2025 година на територијата на Белград, при што на сличен начин успеала противправно да стекне повеќе од 100.000 евра.

На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа, по што ќе биде изведен пред надлежното обвинителство со кривична пријава.

Најнови вести