ПРВ.мк
Балкан

Силен земјотрес почуствуван во Скопје - еве каде е епицентарот!

Силен земјотрес почуствуван во Скопје - еве каде е епицентарот!
Kristal

Земјотрес со јачина од 3,1 степен според Рихтеровата скала утрово во 7:20 часот беше почувствуван во Скопје и неговата околина, информира Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Потресот предизвика кратко, но јасно забележливо тресење, кое, според реакциите на граѓаните, било доволно да разбуди дел од населението.

На социјалните мрежи веднаш по настанот се појавија бројни објави од жители на Скопје и околните места, кои опишуваат дека земјотресот се почувствувал ненадејно и интензивно, иако траел многу кратко. Дел од нив наведуваат дека тресењето било силно, но без последици.

Според податоците на ЕМСЦ, земјотресот се случил на длабочина од околу 5 километри. Епицентарот бил лоциран на приближно 12 километри од градот Гнилане во Косово, во близина на тромеѓето меѓу Косово, Србија и Северна Македонија, односно на околу 42 километри северно од Скопје.

Од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопштија дека земјотресот во главниот град бил почувствуван со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала. Тие дополнително појаснуваат дека епицентарот припаѓа на пограничното епицентрално подрачје Урошевац.

„Епицентарот на земјотресот потекнува од пограничното епицентрално подрачје Урошевац, на 42 километри северно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда од 3,3 степени“, соопштуваат од Опсерваторијата.

И покрај тоа што земјотресот беше почувствуван во Скопје, засега нема информации за материјални штети или повредени лица. Надлежните институции продолжуваат да ја следат состојбата, а ваквите потреси се вообичаени за овој сеизмички активен регион.

FixCredit
Escape