Германската економија се соочува со сериозна криза, а прогнозите за 2025 година се алармантни. Според кредитната агенција Creditreform, во текот на годината се очекуваат околу 23.900 банкроти, што е за повеќе од осум проценти повеќе од минатата година и највисоко ниво од 2014 година. Тоа практично значи дека секој час три компании во Германија поднесуваат барање за стечај, објави швајцарскиот весник „Ноје Цирихер Цајтунг“.
Мали бизниси најтешко погодениНајмногу погодени се малите компании со до десет вработени, кои сочинуваат над 81% од сите банкроти, или приближно 19.500 случаи. Најкритични се секторите трговија, услуги и здравство, каде стечајот ја погоди и големи системи, вклучувајќи синџири болници и домови за стари лица.
Големи загуби и закана за работни местаВкупните загуби за доверителите, вклучувајќи банки, добавувачи и вработени, се проценуваат на околу 57 милијарди евра. Во исто време, околу 285.000 работни места се во опасност низ целата земја.
Причини за економската кризаПатрик-Лудвиг Ханц, раководител на истражувањето на Creditreform, укажува дека високите долгови на компаниите, тешкиот пристап до кредити, скапата енергија и сложените регулативи се главните причини за оваа ситуација. „Многу компании работат на работ на одржливоста, а економското закрепнување сè уште не е на повидок“, предупредува Ханц.
Наскоро не се очекува подобрувањеИако германската влада најави големи инвестиции во инфраструктура и одбрана до 2026 година, економистите не очекуваат брз пресврт. Се проценува дека бројот на банкроти ќе остане висок или дури дополнително ќе се зголеми, што укажува на подлабоки структурни проблеми и намалена конкурентност на германската економија на глобалниот пазар.
















