ПРВ.мк
Свет

ОТКРИЕНО: Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб!

ОТКРИЕНО: Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб!
Kristal

Австралиските власти најавија итна реформа на законите за оружје по шокантното откритие дека Саџид Акрам (50), извршителот на нападот на плажата Бонди, бил легален сопственик на шест парчиња огнено оружје. Акрам и неговиот син Навид (24) се обвинети за терористички напад врз еврејската заедница, при што загинаа 16 лица, а десетици беа повредени.

Член на ловечки клубКомесарот на полицијата во Нов Јужен Велс, Мал Лејнион, потврди дека Акрам поседувал дозвола за оружје од 2015 година. „Таткото имал дозвола за оружје од 2015 година“, изјави Лејнион, додавајќи дека сите оружја се запленети.

Истражителите потврдија дека Акрам бил член на ловечкиот клуб „Застава“, чиe седиште се наоѓа во Бонериг, на помалку од два километри од неговиот дом. Клубот го водат припадници на српската заедница во Сиднеј. Исто така, во паричникот на 24-годишниот Навид била пронајдена членска картичка од клубот, но сè уште не е официјално потврдено дали тој бил активен член.

Акрам и неговиот син вежбале пукање на стрелиштето во Сесил Парк. Балистичката и форензичката истрага треба да утврдат дали запленетото оружје е истото за кое имале дозвола.

Повеќе оружје отколку пред масакрот во Порт АртурВо Нов Јужен Велс има повеќе од 1,1 милион регистрирани парчиња огнено оружје, од кои третина се наоѓаат во предградијата на Сиднеј. Податоците покажуваат дека денес има повеќе приватно оружје отколку пред масакрот во Порт Артур во 1996 година, кога беа убиени 35 лица.

На тој настан тогашната влада усвои Национален договор за огнено оружје и започна масовна програма за откуп, со која беа повлечени 650.000 парчиња оружје. Сепак, според податоците на Australia Institute од мај 2025 година, во Австралија има над четири милиони регистрирани приватни парчиња оружје, што е за 800.000 повеќе отколку пред програмата за откуп.

FixCredit
Escape