Земјотрес од 4,6 степени го погоди островот Крит
Во утринските часови, во 07:36 по локално време, земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран на подрачјето на грчкиот остров Крит.
Според достапните податоци, епицентарот на потресот се наоѓал околу 139 километри североисточно од градот Ираклион. Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар информира дека хипоцентрaлот бил на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата.
Мештаните на Крит сведочат дека потресот бил мошне почувствуван. „Добро затресе, полица со книги чкрипеше, креветот се нишаше, а мачките се разбудија и почнаа да мјаукаат“, изјавуваат жители од погоденото подрачје.
Засега нема информации за материјална штета или повредени лица. Надлежните служби продолжуваат со следење на ситуацијата.