ПРВ.мк

Турција нуди над една година бесплатна рехабилитација за 15 пациенти повредените од Кочани

Турција нуди над една година бесплатна рехабилитација за 15 пациенти повредените од Кочани
Jumbo Banner

Министерот за здравство Арбен Таравари вчера изјави дека Турција изразила подготвеност да прими и до 15 пациенти од трагедијата во Кочани за долготрајна рехабилитација, над година дена и тоа да биде бесплатно.

Таравари рече дека со премиерот Христијан Мицкоски имале подолг состанок со министерот за здравство на Турција, а една од темите била и трагедијата во Кочани.

– Се заблагодарив за тоа што направија таму за нашите пациенти. Изразуваат подготвеност да третираат уште 10 до 15 пациенти на кои ќе им треба долготрајна рехабилитација, над година дена и тоа да биде бесплатно. Во моментот, можеме четири до шестмина пациенти веднаш да ги испратиме, доколку има потреба. Со тек на време, до максимум петнаесет. Тоа е многу добра вест, рче Таравари, одговарајќи на новинарски прашања.

За време на посетата на Турција, како што посочи, посетил двајца пациенти кои биле контактибилни, а нивните родители биле задоволни од третманот и инсистирале таму да продолжи рехабилитацијата. 

Шеесет и две лица го загубија животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, рано утрото на 16 март, а околу 200 се здобија со повреди, по што беа пренесени на лекување во болниците во земјава, но и во странство. 

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран