Полицијата во дибер спроведе акција со кодно име „идентитет“ во која е разбиена група осомничена за фалсификување документи за граѓански статус, со цел незаконско добивање бугарски пасоши за албански државјани. Според полициските информации, во случајот се опфатени сегашниот администратор на административната единица острени, ндричим сула, како и неговиот претходник бајрам мета, кои се сомничат за злоупотреба на службена положба и фалсификување службени документи.
Истражителите утврдиле дека биле издавани потврди со невистинити податоци, со кои одредени лица биле заведувани како жители на острени, иако тоа не било точно. таквите документи потоа биле користени во постапки за добивање бугарско државјанство.
Во рамки на акцијата, на граничниот премин блато бил приведен 49-годишен државјанин на бугарија од софија, кај кого биле пронајдени 21 сомнителен документ за исто толку лица, подготвени за понатамошна употреба во постапки за пасоши. полициската операција траела околу еден месец и била спроведена со специјални истражни методи, во соработка со граничната полиција и под надзор на надлежното обвинителство.










