Албанија го потврди првиот случај на мајмунски сипаници, објави националната телевизија Top Channel. Според информациите, пациентот се заразил по патување надвор од земјата.
Здравствените власти во земјата веднаш ги активираа протоколите за следење и спречување на ширење на вирусот. Пациентот е изолиран и е под медицински надзор, додека се идентификуваат и тестираат сите негови контакти.