ПРВ.мк

Поплавите ја погодија Босна и Херцеговина: Приједор прогласи вонредна состојба, ситуацијата се влошува

Поплавите ја погодија Босна и Херцеговина: Приједор прогласи вонредна состојба, ситуацијата се влошува
Jumbo Banner

Делови на Босна и Херцеговина се погодени од поплави по обилните врнежи во последните неколку дена. Додека реките Врбас и Врбанија во Бањалуци денес се повлекуваат, ситуацијата во Приједор се влошува, пишува порталот Независне.

Најтешко се погодени северните и северозападните делови на земјата, каде што некои градови веќе прогласија состојба на природна катастрофа и воведоа вонредни мерки за одбрана од поплави. Покрај Приједор, ситуацијата е алармантна и во Сански Мост и околните населби.

Приједор веќе прогласи вонредна состојба, а од градот пристигнуваат снимки на потопени стамбени и деловни објекти, како и возила.

Тешка е состојбата и во приједорската населба Гомјеница, каде што куќите се под вода, а водената стихија меѓу нив носи сè пред себе. Водата стигнала до крововите на помошните објекти, а по дворовите пливаат автомобили, од кои се гледаат само крововите, пишува Витез.

На Фејсбук профилот на БХ метeo објавен е снимка која покажува потопени автомобили и куќи.

Градоначалникот на Приједор, Слободан Јавор, изјави денес дека може слободно да се констатира дека се работи за едни од најголемите поплави во историјата на градот, дека најкритичната ситуација е во Гомјеници и Тукови, дека се загрозени и останатите месни заедници во горниот тек на реката Гомјеница, но дека најважно е што нема жртви и што луѓето не се загрозени.

Ситуацијата дополнително се отежнува со прогнозата за нови врнежи кои би можеле дополнително да ја влошат ситуацијата во овој дел на БиХ, пишува порталот Витез инфо.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран