ПРВ.мк
Балкан

ПОЛИЦИЈАТА НА НОЗЕ: Цело семејство исчезна во Лајпциг - што се крие зад ова мистериозно изчезнување?

ПОЛИЦИЈАТА НА НОЗЕ: Цело семејство исчезна во Лајпциг - што се крие зад ова мистериозно изчезнување?

Германската полиција започна интензивна потрага по семејство од населбата Грунау во Лајпциг, откако тие не биле затекнати во својот дом за време на планирана интервенција на социјалните служби.

Според информациите, надлежните служби требало да преземат едномесечно бебе и да го стават под државна заштита, но при пристигнувањето во станот не било пронајдено ниту едно лице од семејството.

Семејството последен пат било видено истиот ден попладне, по што им се губи трагата. Околностите околу нивното исчезнување се предмет на истрага, а полицијата не исклучува загриженост за благосостојбата на детето.

Од полицијата соопштуваат дека постои основано сомнение за можен ризик за детето, поради што е покрената итна потрага и вклучени се сите расположливи ресурси.

Властите упатија апел до граѓаните доколку имаат било какви информации за семејството, веднаш да ја контактираат полицијата.

Најнови вести