ПРВ.мк

По десетти пат косовското Собрание не успеа да избере претседател

По десетти пат косовското Собрание не успеа да избере претседател
Jumbo Banner

И на денешното, веќе десетто продолжение од конститутивната седница на Собранието на Косово, повторно не беше избран претседателот ниту потпретседателите на Собранието. Причината и овојпат беше истата – пратениците не постигнаа договор за формирање на изборна комисија.

Седницата ја водеше пратеникот од движењето Самоопределување, Авни Дехари, кој повторно побара од парламентарните групи да достават предлози за составот на комисијата што треба да го спроведе тајното гласање.

Покрај Самоопределување, свои кандидати предложија и пратеници од немнозинските заедници. Меѓутоа, Демократската партија на Косово, Демократскиот сојуз, Српската листа и Алијансата за иднината на Косово гласаа против предлогот.

Иако предлогот беше ставен на гласање, повторно не беше обезбедено потребното мнозинство од 61 глас – исто како и на претходната седница.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран