ПРВ.мк
Балкан

Откриени осум педофили во меѓународна операција - бројката на жртви ќе ве остави без зборови!

Откриени осум педофили во меѓународна операција - бројката на жртви ќе ве остави без зборови!
Kristal

Во голема меѓународна полициска акција под името „Мозаик 2025“, Хрватската полиција откри и идентификува осум осомничени лица кои се поврзуваат со тешки форми на онлајн сексуално злоставување на деца. Во истата акција биле препознаени и осум деца-жртви од Хрватска, со што е спречена понатамошна експлоатација, објави хрватскиот портал Индекс.

Акцијата, координирана на меѓународно ниво, се насочувала кон разбивање мрежи што прибавувале, разменувале и произведувале материјали со детска сексуална злоупотреба. Според хрватската полиција, осомничените се поврзуваат со вкупно 31 кривично дело — од пристапување до вакви содржини, па сè до нивно создавање, разменување и директно запознавање деца со порнографија, како и нивно мамење со сексуална намера. Казните за вакви дела во Хрватска се движат од една до десет години затвор. Еден од осомничените веќе бил познат на органите на редот поради ист вид кривични активности.

Истражувачите откриле дека осомничените користеле јавни комуникациски платформи, како и апликации со end-to-end енкрипција, каде што делувале во групи со корисници од различни земји. Засега нема докази дека биле директно поврзани со конкретни сторители од други држави, но финалните заклучоци ќе бидат познати по комплетирањето на деталните анализи и истрагата.

Во операцијата, покрај Хрватска, се вклучиле и полициските служби од Словенија, Унгарија, Србија, Албанија, БиХ, Црна Гора и Македонија. Вкупно биле идентификувани 14 деца-жртви, што овозможило навремено спречување на дополнителни форми на злоупотреба.

Полицијата досега уапсила или идентификувала 43 осомничени на регионално ниво, извршени се 44 претреси, а одземени се 393 дигитални уреди и носачи на податоци. Анализата на материјалот сè уште е во тек и се очекува да открие дополнителни докази.

Операцијата „Мозаик 2025“ е дел од европската платформа EMPACT, иницијатива која ја зајакнува меѓународната соработка во борбата против онлајн сексуалното злоставување на деца, обезбедувајќи дополнителна заштита и поддршка за жртвите.

Escape