ПРВ.мк
Балкан

Одлична вест за Македонците во Словенија – еве што ги очекува!

Одлична вест за Македонците во Словенија – еве што ги очекува!
Kristal

Граѓаните од Македонија и неколку други земји од регионот наскоро ќе можат да ја заменат својата возачка дозвола со словенечка без полагање на практичниот дел од испитот. Оваа промена се предлага преку предлог-закон за измена на Законот за возачи, кој го поднесе пратеничката со македонско потекло, Сандра Газинковски.

Според предлогот:

  • Замена ќе биде можно во рок од една година по пријавувањето на живеалиштето во Словенија.
  • Пред тоа, возачите ќе треба да достават потврда за ментална и физичка способност, со што се гарантираат безбедносните стандарди.

Газинковски ја презентираше иницијативата пред Комисијата за инфраструктура, животна средина и просторно планирање, истакнувајќи дека измените ќе ја забрзаат интеграцијата на работниците и ќе ги намалат бирократските пречки, без финансиски последици за буџетот.

„Ова е мал, но важен чекор кон поправедна, разумна и отворена земја која им верува на луѓето што веќе имаат знаење и одговорност да возат“, изјави Газинковски.

Овој предлог-закон е значаен за поотворено и поинклузивно општество, обезбедувајќи практична корист за граѓаните и за администрацијата во Словенија.

Escape