Белградската полиција уапси две лица, С.Р. (40) и В.С. (46), под сомнение за тешко убиство, додека се трага по уште едно лице поврзано со инцидентот. Жртвата, 38-годишен маж, беше пронајдена почината во напуштена зграда вчера наутро.
Според првичните информации, мажот починал од повеќекратни удари со тапи предмети, веројатно дрвена палка и метална шипка, кои беа пронајдени и земени од форензичките експерти на местото на настанот. Жртвата имала тешки повреди на лицето, главата и телото, кои укажуваат на насилно претепување.
Се претпоставува дека убиството се случило околу 24 часа пред пронаоѓањето на телото. Уапсените се задржани во притвор до 48 часа додека трае истрагата.















