ПРВ.мк
Македонија

АХВ заплени небезбедна храна со непознато потекло - ова се деталите!

АХВ заплени небезбедна храна со непознато потекло - ова се деталите!
Kristal

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), по пријава и со помош на Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, спроведе вонреден инспекциски надзор на возило во општина Чучер-Сандево.

Најдени количини:

  • 1.060 кг кршени ореви
  • 581 кг кикирики во зачинета обвивка (рефус, без идентификација)
  • 900 кг индиски ореви (со декларација)

Поради недостаток на документација за потекло и квалитет, првите две групи производи беа прогласени за небезбедни и ќе бидат нештетно уништени.

Против лицето кое го превезувало производот е поведена прекршочна постапка за пуштање во промет на небезбедна храна, а му е изречена глоба од 600 евра во денарска противвредност.

АХВ најавува дека ќе продолжи со засилени контроли на терен, со цел да се спречи пласирањето на небезбедна храна и да се заштити здравјето на потрошувачите.

Escape