ПРВ.мк
Балкан

МОНСТРУМИ ОД ПАЛАНКА: Силувале слепа старица па брутално ја убиле!

МОНСТРУМИ ОД ПАЛАНКА: Силувале слепа старица па брутално ја убиле!

Суровото убиство на деведесетгодишната Зорка Станковиќ во мај 2010 година, во трошната куќичка во Улицата „Краља Петра“, и денес, 15 години подоцна, се прераскажува во Смедеревска Паланка. Неподвижната и слепа старица прво била силувана и убиена со нож, потоа докрајчена со секира, а куќата била запалена. Шест дена по злосторството беше уапсен Ратко Станковиќ (56) од Глибовац, а дури пет години подоцна беа откриени и уапсени неговите соучесници Драгиша Ристиќ (41), исто така од Глибовац, и Светлана Станковиќ (37) од Смедеревска Паланка. Сите се осудени и ја издржуваат казната.

На прв поглед изгледаше дека случајот е решен со признанието на Ратко, кој рече дека на злосторството го натерале „али“ (зли духови), но полицијата не застана тука бидејќи се сомневаше дека тој не можел сето тоа да го направи сам. По приведувањето на Светлана поради ситна кражба, и беше предочено дека постојат докази кои укажуваат на тоа дека била во куќата на старицата тој ден. Таа пред обвинителот и својот адвокат призна дека учествувала во убиството на старицата и детално опиша сè.

Како што се испостави, Светлана е всушност снаа на Ратко Станковиќ, кој во моментот на нејзиното апсење веќе беше осуден за ова злосторство на 17 години робија.

Во кафана по масакрот

Светлана детално опиша што се случило на 6 мај 2010 година во куќичката каде што живеела бабата, во која влегле насилно, разбивајќи ја вратата. Станковиќ при влегувањето во куќата прв ја силувал старицата, а потоа и Драгиша, и тоа пред нејзините очи. Светлана потоа со нож трипати ја прободела старицата во стомакот и градите, а потоа Ратко и Драгиша ја удирале со секири по гениталиите, градите и главата.

По крвавиот пир, под дејство на алкохол, тие имале меѓусебни односи, не грижејќи се што монструозно ја убиле старицата.

„Прво ја силувавме, а потоа ја претепавме и ја избодевме со нож. Продолживме да оргијаме покрај неа, а на крајот ја исековме со секира, ја запаливме куќата и заминавме во кафана“, раскажал Ристиќ по апсењето. Токму трагите од оргијањето покрај убиената жена им помогнале на искусните инспектори да стават точка на ова злосторство.

Вистинската причина за ова убиство можеби никогаш нема да се дознае. Освен фактот дека имале болен сексуален нагон, може да се каже дека мотивот не бил користољубие, бидејќи од куќата на старицата однеле само касетофон. Трочлената група направила уште една грешка – секирата со која ја касапеле Зорка ја оставиле покрај нејзиниот кревет. Во надеж дека пожарот ќе ги уништи сите докази, заминале во кафана, но огнот не ја зафатил секирата.

Го терала синот да ги силува сестрите, а сите ги подведувала

Мачното убиство на старицата Зорка Станковиќ докрај е расветлено благодарение на сведочењето на децата на Светлана Станковиќ. Момчето и двете девојчиња дури во 2015 година ѝ биле одземени на мајката, а потоа во згрижувачко семејство откриле дека Ратко Станковиќ не е единствениот виновник. Децата раскажале дека соучесници во силувањето и мачењето биле нивната мајка Светлана и извесен Драгиша Ристиќ.

Набрзо почнало да се одмотува клопчето на стравичните злосторства во семејството на несреќните деца, кои родената мајка ги злоставувала, ги подведувала, па дури и ги терала на меѓусебни сексуални односи. За убиството и сите други кривични дела, Светлана е осудена на само 18 години затвор!

Децата (на возраст од 10, 13 и 14 години) и ги опишале на згрижувачката деталите од пеколот. Мајката им наредила на девојчињата да ја запалат крвавата облека по убиството и се заканила дека „ако зуцнат, ќе поминат како бабата“. Синот го терала на орален секс со нејзиниот партнер за 1.000 динари, а за иста сума им дозволувала на мажи да ги допираат девојчињата по интимните делови. Ги заклучувала во соба, пуштала порно филмови и се самозадоволувала пред нив.

Соучесниците осудени на по 18 години робија

Апелациониот суд во Белград правосилно ги осуди на по 18 години затвор Светлана Станковиќ и Драгиша Ристиќ, додека Ратко Станковиќ на 16 и пол години.

Ристиќ и Станковиќ се осудени бидејќи во состојба на намалена пресметливост (но не битно), на особено свиреп и понижувачки начин извршиле обљуба врз немоќно лице и тешко убиство. Светлана Станковиќ, покрај за учество во убиството, осудена е и за подведување, прикажување порнографски материјал и наведување малолетници на присуство на сексуални чинови.