ПРВ.мк

Кристијан Шмит: Постапките на Република Српска сугерираат отцепување

Кристијан Шмит: Постапките на Република Српска сугерираат отцепување
Jumbo Banner

Високиот претставник на Западот за Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, го информираше Советот за безбедност на Обединетите нации за загрозувањето на мирот во БиХ и Дејтонскиот договор од страна на властите на Република Српска. Шмит оцени дека ваквите постапки претставуваат сериозна закана за стабилноста на целиот регион.

Обврска на високите претставници во БиХ е да го информираат Советот за безбедност на ОН секои шест месеци за состојбата во земјата, а ова е веќе 67-ми извештај што бил испратен во седиштето на ОН, осми во мандатот на Кристијан Шмит.

Извештајот ќе биде разгледуван на седницата на Советот за безбедност на 6 мај. На таа седница, покрај Шмит, ќе учествува и Жељка Цвијановиќ, претседателка на Претседателството на БиХ, па се очекува дека нивните ставови ќе бидат целосно спротивни.

Во извештајот, Шмит посочува дека властите на Република Српска продолжуваат со атак на уставниот поредок на БиХ, усвојувајќи закони кои ја спречуваат работата на државните правосудни органи и полицијата. Според него, овие мерки го доведуваат во прашање интегритетот на БиХ и навестуваат фактичка сецесија.

Шмит особено го истакнува како опасен обидот за донесување нов устав на Република Српска, кој би можел да му додели овластувања на ентитетот кои сега ги има само БиХ.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран