Хрватска префрла тенкови М-84 во Германија за испорака на Украина
Хрватска префрли 30 југословенски тенкови М-84 во Германија, кои ќе бидат целосно репарирани пред нивната идна испорака на украинската армија, пренесуваат украинските медиуми.
Како дел од договорот, официјален Берлин наводно и понудил на Загреб поволен попуст за набавка на модерни германски тенкови Leopard 2A8, со што се зацврстува соработката меѓу двете земји во рамките на поддршката за Украина.