ПРВ.мк
Балкан

Храброста на Ловро: Скок во плитко море на Силба му го смени животот засекогаш!

Храброста на Ловро: Скок во плитко море на Силба му го смени животот засекогаш!
Escape

Ловро Говорчин, млад хрватски државјанин, пред точно десет години доживеал трагедија што му го сменила животот од корен. Несреќата се случила на островот Силба, додека со пријателите уживал во безгрижно лето. Тие играле пицигин, а Ловро решил да се залета и да скокне во морето. За жал, водата била премногу плитка и тој не скокнал во далечина, туку нагоре, со што телото му завршило на песокот. Последиците биле фатални – останал неподвижен.

„Се случи сè за неколку секунди. Во моментот кога паднав во водата, сфатив дека нешто не е во ред. Не можев да мрднам. Во рок од час и половина веќе бев на операциска маса“, раскажа Ловро во емисијата „Добро јутро, Хрватска“, а пренесе „Слободна Далмација“.

Операцијата траела околу осум часа. По неа следеле нови компликации. Морал да оди и на втора операција, а дополнително имал проблеми со белите дробови бидејќи при скокот се наголтал со морска вода и развил бактерија, што му го отежнало дишењето. Деновите по несреќата биле борба за живот.

„Скокот не беше од некоја висина, буквално од море во море. Не беше ни пола метар. Но водата беше доволно плитка што не можев ни да се одразам, ниту да се завртам“, сведочи Ловро.

Иако бил тинејџер, Ловро морал да се соочи со нова реалност – живот во инвалидска количка. Но, неговата приказна е повеќе од трагедија. Таа е инспирација, храброст и предупредување.

„Секогаш кажувам – никогаш не скокајте сами и никогаш без да ја знаете длабочината на водата. Јас го направив тоа во еден миг, и целиот мој живот се смени засекогаш“, порачува Ловро.

И покрај тешките околности, Ловро денес живее со достоинство и надеж, пренесувајќи ја својата порака до младите луѓе – внимателноста и свеста може да спасат живот.

Mia Home Mavrovo