ПРВ.мк
Балкан

(ВИДЕО) Полицаецот кој го засени Божиновиќ: Хрватици опседнати со "згодниот од пресот"

(ВИДЕО) Полицаецот кој го засени Божиновиќ: Хрватици опседнати со "згодниот од пресот"
Escape

Неколку часа по прес-конференцијата на министерот Божиновиќ, вниманието на јавноста не го привлече политичката порака, туку нешто сосема неочекувано – згодниот полицаец што стоеше мирно во заднина.

Станува збор за Дарио Крунеш, 30-годишен полицаец со пет години искуство во хрватската полиција, кој за кратко време стана вистинска ѕвезда на социјалните мрежи. Видеото од прес-конференцијата на кое Крунеш се појавува стои мирен, сериозен, со целосна концентрација, било прегледано илјадници пати – а според некои кориснички коментари – дури и „по 50 пати“!

„Кој е овој совршен маж позади Божиновиќ?“, праша една корисничка на TikTok. „Мислев дека гледам вестите, а испадна љубов на прв поглед.“, напиша друга на Facebook. „Не знам што кажа министерот, ама знам дека се вљубив.“

Кој е Дарио Крунеш?

Дарио потекнува од Задар и работи во Одделот за јавен ред и мир. Познат е меѓу колегите по својата посветеност, мирен карактер и дисциплина. За време на неодамнешна спасувачка акција, тој заедно со тројца колеги – Матија, Филип и Бруно – спасиле четиричлена фамилија од запалена куќа, влегувајќи во пожарот без заштитна опрема. Тој херојски потег дополнително го засили интересот на јавноста.

Од стража до стриптиз?

Во друга хумористична анегдота, Крунеш наводно пристигнал на интервенција по пријава за гласна забава во приватен стан, каде бил пречекан со аплауз и свиркање, бидејќи домаќинките мислеле дека станува збор за стриптизер во униформа.

„Ја тргнав капата, тие викнаа: ‘Па вистински е!’“, се пошегувал еден од очевидците.

Реакции од јавноста

Социјалните мрежи се преплавени со шеги, монтажи и „фан“ страници посветени на Крунеш. Некои од популарните хаштагови се: #ZgodniPolicajac #DarioDream #BozinovicKoj?

Дали ова е само краткотрајна интернет сензација или почеток на медиумска кариера за Дарио – времето ќе покаже. Засега, цел Балкан го гледа видеото, ама не заради изјавата на министерот...

ВИДЕО

Mia Home Mavrovo