Трагедија го потресе египетското летувалиште Александрија попладнево, кога шест ученици загинаа откако беа извадени од морето на плажата Абу Талат. Спасувачките екипи се обидувале да ги спасат децата, но напорите биле залудни, додека уште 24 ученици се повредени и згрижени во локалните болници.
Министерството за здравство потврди дека на терен биле распоредени 16 амбулантни возила, а тројца од повредените ученици биле згрижени на самата плажа, додека останатите 21 биле префрлени во болница, од кои 13 во специјализирана болница во Агами, а осум во Општата болница Амрија.
Министерот за здравство, Халед Абдел Џафар, изјави дека сите итни медицински услуги се достапни и дека лично ја следи ситуацијата. Плажата е затворена и поставени се предупредувачки црвени знамиња за опасни бранови и силни струи.
Случајот е предмет на истрага, при што се испитува дали биле преземени сите потребни безбедносни мерки за училишната ексурзија. Трагичната несреќа се случува само неколку месеци по неколку други несреќи во Египет, вклучувајќи потонување на туристички подморници и бродови во Црвеното Море.