ПРВ.мк
Македонија

Брутално убиство во Кавадарци: Mаж почина по страшна пресметка пред казино!

Брутално убиство во Кавадарци: Mаж почина по страшна пресметка пред казино!

Тешка трагедија се случила рано утринава пред едно казино во Кавадарци, кога во жестока тепачка животот го загубил маж роден во 1982 година.

Според информациите што ги објави МИА, а ги потврди д-р Антоан Паракеов, раководител на Службата за итна медицинска помош, лицето починало од тешки и смртоносни повреди во пределот на главата.

– Точно е, имаше убиство при тепачка пред казино утринава. Станува збор за смртоносни повреди на глава. Наша екипа доби повик и веднаш беше на лице место, но, констатира дека лицето беше починато, без знаци на живот – изјави д-р Паракеов за МИА.

Медицинската екипа реагирала веднаш по добиениот повик, но кога пристигнале, веќе било предоцна – лицето не покажувало никакви знаци на живот, а смртта била констатирана на самото место.

Во моментов се очекуваат повеќе детали од полицијата и истражните органи за околностите кои довеле до трагичниот инцидент.

Escape