ПРВ.мк
Свет

Модринката на Трамп повторно ги разгорува гласините за здравјето

Модринката на Трамп повторно ги разгорува гласините за здравјето

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник покажа темна модринка на горниот дел од десната рака за време на потпишувањето на извршна наредба во Овалната соба. Модринката беше видлива и кога го прими својот јужнокорејски колега Ли Џе-мјунг, а претходно Трамп се обидуваше да ја прикрие со шминка.

Белата куќа и личниот лекар на претседателот објаснуваат дека модринката е резултат на честите ракувања и употребата на аспирин, кој е дел од стандардната терапија за превенција на кардиоваскуларни заболувања. И покрај тоа, јавноста шпекулира за можни здравствени проблеми, особено со оглед на тоа што Трамп неодамна откри дека има хронична венска инсуфициенција.

Ова не е првпат модринките на Трамп да привлечат внимание – тој периодично се појавува со слични знаци, што ги поттикнува шпекулациите за неговата здравствена состојба. Истата ситуација се случи и со поранешната британска кралица Елизабета II, која имаше видлива модринка на раката два дена пред нејзината смрт, што предизвика загриженост кај јавноста и медицинските експерти.

Белата куќа инсистира дека претседателот е во одлична здравствена состојба и дека модринката е безопасна последица од лековите и активниот начин на комуникација со јавноста.

Escape