Шефот на македонската влада побара признавање на пресудите од Стразбур за македонската заедница во Бугарија и признавање на македонскот јазик, култура и посебност.
„Треба да видиме дела, а дела според мене претставуваат признавање на пресудите од Судот за човекови права во Стразбур за македонската заедница во Бугарија. Јасно и недвосмислено признавање на многувековниот македонски идентитет и јасно и недвосмислено признавање на многувековната македонска култура, традиција, обичаи, и јасно и недвосмислено признавање на македонскиот јазик кој е официјален јазик во ОН од 1945. Мораме да ги почитуваме принципите, во спротивно имаме сериозен проблем“ рече премиерот Христијан Мицкоски.
На ова со објавана Фејсбук се огласи Красимир Каракачанов:
„Го потсетувам македонскиот премиер Мицкоски дека како шеф на земја која аплицира за членство во Европската Унија, мора да одржува добри односи со соседните земји и пред сѐ да го почитува Договорот потпишан на 1 август 2017 година. Во него, во Членот 11 јасно вели дека ниту една страна нема да дозволи организации и групи кои се занимаваат со сепаратистички активности или имаат територијални претензии“.
За зборовите на Мицкоски дека се бара „јасно и недвосмислено признавање на вековниот македонски идентитет, на вековната македонска култура, традиција, обичаи и македонскиот јазик“, лидерот на ВМРО-БНД додава:
„Но, се разбира, јасно и недвосмислено се признава дека тие се Бугари. И тоа го докажуваат не бугарските историчари и политичари, туку стотици странски историчари – византиски, турски, американски, француски, германски, руски, кои во своите дела пишуваат само и исклучиво за Бугарите во Македонија, а не за каков било македонски идентитет“.