Американскиот претседател Доналд Трамп го повика својот претходник, Џо Бајден, во објава на социјалните мрежи.
„Покварениот Џо Бајден не ја направи ситуацијата само со Русија хаотична, туку и со сите други! Милиони луѓе загинаа без причина и никогаш повеќе нема да се видат… И многу други ќе загинат ако не се постигне прекин на огнот и конечен договор со Русија.
Ако бев претседател, оваа војна воопшто немаше да се случи. Тоа е 100% сигурно. Немаше да има ниту настани како 7 октомври со Израел, ниту повлекување од Авганистан, кое беше најсрамниот ден за нашата земја. Наместо тоа, тоа можеше да биде момент на слава“, напиша Трамп на „Трут соушал“.
„Немаше да има забележлива инфлација. Наместо тоа, сега имаме рекордна инфлација која ја уништува земјата на начини кои досега не сме ги виделе“, додаде Трамп.
„Ќе имавме и непробојна граница, со многу малку илегални имигранти. Ах, каква разлика направија наместените и нефер избори, а оние кои тоа го направија треба да завршат во затвор!“, продолжи Трамп.
Оваа изјава доаѓа во момент кога се чека конкретен одговор од Русија дали ќе се согласи на 30-дневен прекин на огнот.
За време на состанокот со американските претставници во Џеда, Саудиска Арабија, Украинците изјавиле дека се подготвени да се согласат на прекин на огнот.