Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва во Ѓорче Петров, кај комплексот „Александрија“. Учествувале три возила, од кои два автомобили и еден мотоцикл.
Очевидци за „Скопје1“ дека возачот на моторот бил во тешка состојба по несреќата. Мотоцикл, пак, од силината на ударот е поделен на два дела.
На лице место дошла Брза помош, а лицето веднаш било пренесено во болница, откако му била укажана прва помош. Засега не е позната состојбата на другите двајца возачи и евентуални сопатници.
„Скопје1“ побара детали од МВР, од каде очекуваат одговор во наредните часови.
Местото го обезбедува полиција, а улицата е затворена за сообраќај.
View this post on InstagramA post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)