На 13.03.2025 година во 12.10 часот во Полициското одделение Жеровјане, 33-годишник од тетовско село пријавил дека преку социјална мрежа бил измамен од едно лице за сума од 12.000 денари. Според пријавеното, на 13.02.2025 од лицето нарачал два GPS уреди за неговите ловечки кучиња, но преку брза пошта му стигнал различен производ, по што лицето му кажало да го врати во пошта и дека ќе му биде испратено нарачаното. Како што е пријавено, до моментот на пријавувањето не добил ништо и лицето не му одговарало на пораките и повиците. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.