ПРВ.мк
Балкан

ИМ ПИШУВАЛЕ ПРЕКУ САЈТ ЗА ЗАПОЗНАВАЊЕ, А ПОТОА СЛЕДУВАЛ ХОРОР: Четворица уапсени во Полска

ИМ ПИШУВАЛЕ ПРЕКУ САЈТ ЗА ЗАПОЗНАВАЊЕ, А ПОТОА СЛЕДУВАЛ ХОРОР: Четворица уапсени во Полска

Полската полиција расветлила три разбојништва извршени во само неколку дена, за кои се сомничи дека се поврзани со иста група. Уапсени се четири лица – тројца мажи и една жена, на возраст од 17 до 31 година.

Осомничените, според истрагата, ги контактирале жртвите преку сајт за запознавање, по што договарале средби на одредени локации.

Кога жртвите ќе пристигнеле на договореното место, осомничените наводно употребувале физичка сила и им ги одземале личните предмети. Во еден од случаите бил употребен и нож, при што жртвата била повредена.

Две разбојништва биле извршени на 18 август, а третото на 20 август во полскиот град Семјановице Шлонске.

По интензивната истрага, полицијата успеала да ги идентификува осомничените, кои биле уапсени на 24 август. Сите четворица се од различни градови во регионот.

Судот, по предлог на обвинителството, на сите им определил тримесечен притвор.

За разбојништвата и нанесувањето телесни повреди за кои се товарат, им се заканува затворска казна од 2 до 20 години.