ПРВ.мк

И официјално падна владата на Србија

И официјално падна владата на Србија
VERO Banner

Мандатот на Владата на Србија и официјално заврши денеска откако претставниците во српскиот парламент констатираа дека премиерот Милош Вучевиќ поднел оставка, што автоматски доведува до пад на целата влада, објавија медиуми.

Законскиот рок за избор на мандатот и на новата влада е 18 април, а доколку тоа не се случи, претседателот на Србија е должен да го распушти Народното собрание и да распише вонредни парламентарни избори кои треба да се одржат во рок од 45 до 60 дена, а тоа е почетокот на јуни.

Опозицијата, по сомневањата дека изборите во декември 2023 година биле украдени, инсистира на преодна влада или експертска влада која во рок од една година ќе воспостави услови за фер и демократски избори.

Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека „додека тој е жив“ нема да се согласи со преодна влада и дека „можат само да го убијат“ бидејќи нема да дозволи „ѓубриња“ да ја преземевласта без избори и да ја „уништат Србија“.

Вучевиќ поднесе оставка среде студентските протести утрото на 28 јануари, откако неколку членови и симпатизери на Српската напредна партија (СНС), чиј претседател е Вучевиќ, нападнаа група студенти со бејзбол палки и ја скршија вилицата на една студентка претходната вечер во Нови Сад.

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ денеска изјави дека уставниот рок за избор на нова влада официјално почнува на 20 март.

Владата од утре практично ќе постапува во технички мандат, без можност за предлагање закони, прописи и извршни одлуки.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран