ПРВ.мк
Балкан

ГОРАТ КАФУЛИЊА НИЗ БЕЛГРАД: Серија пожари за само неколку дена - зад нападите стои тинејџер?

ГОРАТ КАФУЛИЊА НИЗ БЕЛГРАД: Серија пожари за само неколку дена - зад нападите стои тинејџер?

За само неколку дена во Белград избувнаа три пожари во угостителски објекти – во Нов Белград, Земун и на Дорќол. Во еден од случаите уапсен е 18-годишник под сомнение дека намерно го предизвикал пожарот, додека причините за останатите пожари сè уште се утврдуваат.

На 5 октомври, во новобелградската улица „Омладинских бригада“, избувна пожар во кој целосно изгоре едно кафуле.

Според првичните информации, огнената стихија го зафатила угостителскиот објект во Нов Белград околу 3:30 часот наутро. На објектот му е причинета огромна материјална штета, а од внатрешноста на локалот речиси ништо не останало.

Засега нема потврда за тоа што го предизвикало пожарот, а околностите под кои дошло до негово избувнување дополнително се утврдуваат.

Во Земун уапсен 18-годишник

Само два дена претходно, на 3 октомври околу 5 часот наутро, избувна пожар во угостителски објект во Земун.

Полицијата го идентификуваше и го уапси Л. С. (18), поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Се сомнева дека тој, на 3 октомври околу 5 часот, со запалива течност го полил инвентарот на угостителскиот објект во Земун, а потоа го запалил.

На осомничениот му е одредено задржување до 48 часа, по што, со соодветна кривична пријава, е изведен пред надлежното обвинителство.

Избувна пожар и на Дорќол

Истиот ден кога изгоре кафулето во Нов Белград, на 5 октомври околу 5:30 часот, избувна пожар и во угостителски објект на улицата „Вишњиќева“ на Дорќол.

На местото на настанот веднаш била упатена полициска патрола, која по доаѓањето го затекнала локалот во пламен.

Со брза реакција на пожарникарите, пожарот бил локализиран, со што било спречено негово понатамошно ширење.

Најнови вести