33-годишна жена од Црна Гора пријавила во СВР Тетово дека подолг период била изложена на закани од нејзиниот поранешен партнер, кој во моментов издржува затворска казна.
Според пријавеното, С.Р. (43) од село Врапчиште, Гостиварско, на жената и на членовите на нејзиното семејство им упатувал закани користејќи различни телефонски броеви, но и преку мобилна апликација.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека С.Р. од септември 2026 година се наоѓа на издржување затворска казна во Затвор Тетово.
Полициските службеници преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот. По завршувањето на постапката, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.





