Полицијата во Нови Сад запленила 17 килограми кокаин во акција спроведена на подрачјето на Младеновац, при што се уапсени три лица осомничени за трговија со дрога.
Според Министерството за внатрешни работи на Србија, лишени од слобода се Н.С. (41) и Д.П. (31) од Смедерево, како и Л.С. (35) од подрачјето на Белград. Тие се сомничат за кривично дело неовластено производство и ставање во промет на опојни дроги.

Дрогата била пронајдена во камион, во близина на кој полицијата ги затекнала осомничените. Акцијата ја спровела криминалистичката полиција од Нови Сад.
На сите тројца им е одредено задржување до 48 часа, по што ќе бидат спроведени пред Вишото јавно обвинителство во Белград со кривична пријава.







