ПРВ.мк
Балкан

ФИЛМСКА КРАЖБА ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ: Скршиле врата и прозорец, па го украле сефот со 100.000 евра!

ФИЛМСКА КРАЖБА ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ: Скршиле врата и прозорец, па го украле сефот со 100.000 евра!

Белградската полиција трага по непознати сторители кои провалиле во куќа во централниот дел на српската престолнина и однеле метален сеф во кој, според пријавата на сопственикот, имало околу 100.000 евра во готовина и неколку рачни часовници.

Кражбата била пријавена вчера околу 15 часот, откако 76-годишниот сопственик на објектот забележал дека неговиот дом бил провален и дека металниот сеф што го чувал во куќата исчезнал.

Според неофицијалните информации, при полицискиот увид биле забележани оштетувања на вратата во ходникот, која води кон дворот, како и на самиот влез во објектот.

Се претпоставува дека непознатите сторители влегле во куќата откако скршиле дрвен прозорец на приземјето. По влегувањето во објектот, тие го однеле металниот сеф, во кој се наоѓале вредните предмети и парите.

„Во куќата е извршен целосен претрес. Сопственикот пријавил во полиција дека му е украден металниот сеф, наведувајќи дека во него чувал околу 100.000 евра во готово, како и неколку рачни часовници“, открил извор за „Телеграф“.

Полицискиот увид на местото на кражбата е завршен, а надлежните служби продолжуваат со истрагата за утврдување на околностите под кои се случил инцидентот и за идентификување и пронаоѓање на сторителите.