ПРВ.мк
Балкан

РАНО УТРИНАВА СЕ ТРЕСЕШЕ ЗЕМЈАТА: Регистриран земјотрес во ова подрачје, еве колку бил силен!

РАНО УТРИНАВА СЕ ТРЕСЕШЕ ЗЕМЈАТА: Регистриран земјотрес во ова подрачје, еве колку бил силен!

Земјотрес со магнитуда од 2 степени според Рихтеровата скала бил регистриран рано утринава во Србија, во областа на Зубин Поток, информира Републичкиот сеизмолошки завод.

Според официјалните податоци, потресот бил регистриран во 04:48 часот, а неговото жариште се наоѓало на длабочина од околу два километри.

Станува збор за земјотрес со слаб интензитет, кој според сеизмолошките процени не може да предизвика поголема материјална штета во областа на епицентарот.

Најнови вести