ПРВ.мк
Балкан

ГРОЗОМОРЕН СЛУЧАЈ: Маж украл череп на светец од позната црква - еве каква казна му се заканува!

ГРОЗОМОРЕН СЛУЧАЈ: Маж украл череп на светец од позната црква - еве каква казна му се заканува!

Чешката полиција уапси 35-годишен маж под сомнение дека украл исклучително ретка религиозна реликвија – череп стар речиси 800 години за кој се верува дека ѝ припаѓал на светата Здислава од Лемберк.

Според полициските информации, осомничениот признал дека ја одзел реликвијата од црквата „Свети Ловро“ во градот Јаблоне в Подјештеди, на северот од Чешка. Станува збор за предмет од големо религиозно и историско значење, кој со векови бил чуван во црковен објект.

По пријавата за кражбата, истражителите користеле специјализирана опрема и успеале да го лоцираат предметот, кој бил пронајден скриен во бетонски блок. Властите потврдија дека черепот не е оштетен, а во тек е внимателна реставрација и безбедно вадење од материјалот во кој бил вграден.

Осомничениот, според истрагата, изјавил дека се противи на јавното изложување на човечки останки и дека имал намера реликвијата да ја фрли во река, а потоа да ја погреба на приватна локација.

Кражбата се случила на самиот почеток на црковна служба, што дополнително ја отежнало ситуацијата и предизвикало шок меѓу верниците. Против мажот се води постапка за кражба, оштетување на имот и нарушување на јавниот ред, а доколку биде прогласен за виновен, може да се соочи со затворска казна од две до осум години.

Прашкиот надбискуп Станислав Прибил најави дека реликвијата ќе биде вратена на своето место, но овојпат со засилени безбедносни мерки, вклучувајќи непробојно стакло и алармен систем поврзан со полицијата.

Светата Здислава од Лемберк, благородничка од 13 век, е позната по својата хуманитарна работа, основањето на манастири и болници и помагањето на сиромашните. Во 1995 година беше канонизирана од папата Јован Павле Втори.