ПРВ.мк
Балкан

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО БЕРЛИН: Заложничка драма предизвика голема полициска акција!

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО БЕРЛИН: Заложничка драма предизвика голема полициска акција!

Во главниот град на Германија, Берлин, во тек е голема полициска операција за ослободување на жена која синоќа била земена како заложник во супермаркет.

Според првичните информации, жената била заробена околу 22:00 часот по локално време, а мотивот на напаѓачот засега не е познат.

Инцидентот се случил во населбата Мариенфелде, во јужниот дел на Берлин.

Германската полиција соопшти дека заложничката драма сè уште трае и дека и жената и осомничениот се наоѓаат во објектот.

„Во моментов двајцата се во супермаркетот. Операцијата е во тек и во оваа фаза не можам да соопштам повеќе информации“, изјави портпаролот на полицијата Штефан Петерсен-Шуман за Германската новинска агенција (ДПА).

Надлежните служби го обезбедуваат местото на настанот, а јавноста очекува повеќе информации по завршувањето на полициската интервенција.