Шестгодишно дете кое синоќа исчезнало во Ниш е пронајдено живо и здраво по неколку часа потрага, соопштија надлежните служби.
Детето околу 20:30 часот самовољно го напуштило дворот додека се играло со својот брат близнак. Набрзо потоа било пријавено неговото исчезнување, по што била активирана потрагата и системот „Пронајди ме“, а граѓаните биле известени за случајот.

Во акцијата учествувале полицијата, Жандармеријата и Групата за спасување на планина. Детето било пронајдено околу 23 часот и вратено кај мајката.
Иако случајот завршил без последици, останува отворено прашањето каде детето престојувало во времето додека траела потрагата.







