ПРВ.мк
Балкан

ДОКТОР МОНСТРУМ: Гинеколог обвинет за сексуален напад врз пациентка!

ДОКТОР МОНСТРУМ: Гинеколог обвинет за сексуален напад врз пациентка!

Основното државно обвинителство во Подгорица поднело обвинителен предлог до Основниот суд во Подгорица против Предраг Ј., лекар специјалист по гинекологија и акушерство од Подгорица, поради основано сомнение дека сторил кривично дело недозволени полови дејствија.

Според наводите од обвинителниот предлог, обвинетиот на 10 ноември 2025 година, во една приватна здравствена установа во Подгорица, за време на лекарски преглед, презел дејствија од сексуална природа врз пациентка без нејзина согласност, со што, како што се сомнева, го сторил кривичното дело кое му се става на товар, соопштија од ОДТ Подгорица.