ПРВ.мк
Балкан

(ФОТО) Се преврте приколка со „ферари“ и „мерцедес“, полицијата на терен

(ФОТО) Се преврте приколка со „ферари“ и „мерцедес“, полицијата на терен
Escape

На Ибарска магистрала во близина на Прељина, Шумадија, се случи необична сообраќајна несреќа кога приколка од камион со албански таблички се преврте, носејќи две луксузни возила – „ферари“ и „мерцедес“ од последна генерација.

Иако причините сè уште се истражуваат, евидентно е дека автомобилите се оштетени, а сообраќајот на овој дел од патот е значително забавен, со долги колони кон Чачак и Краљево.

Среќна околност е што нема извештаи за повредени лица. Полицијата е на терен и работи на утврдување на причините за несреќата, а повеќе информации се очекуваат наскоро.

Mia Home Mavrovo