Борис Машиќ, кој се прослави преку шоуто „Никогаш не е доцна“, тврди дека заработил преку 100.000 евра без никогаш да се задржи на класична работа. Себеси се опишува како „неработник“, но зад таа слика се крие човек што секој свој талент знаел добро да го искористи – од спортови како атлетика, џудо и карате, до музика и шах.
„Парите доаѓаат сами, само треба да знаеш како да ги привлечеш,“ вели Машиќ, кој без срам признава дека менувал станови како што други менуваат чорапи, и ужива во животот каде телефонот му е доволен за да заработува.

Клучот, според него, е брзото размислување и малку среќа. „Кој многу работи, нема време да заработи“, вели низ смеа. За љубовта не сака многу да зборува, но признава дека разводот дошол кога неговата сопруга не можела да прифати дека музиката му е на прво место. „Ме стави пред избор – или јас или пеењето. Јас избрав музиката“, раскажува Борис со насмевка, горд на својот начин на живот.