Поранешната министерка за екологија и актуелна потпретседателка на СДСМ, Каја Шукова, најверојатно ќе ја предводи кандидатската листа на партијата за градоначалник на Скопје, дознава Прва Скопска телевизија од високи партиски извори.
Иако архитектот Мишко Ралев, кој се сметаше за силен кандидат, вчера најави дека останува во трката внатре во партијата, неофицијално раководството на СДСМ одлучило дека Шукова има поголеми шанси за изборен успех на претстојните локални избори.
Од СДСМ сè уште нема официјална потврда за кандидатурата, но според партиски извори, конечната одлука ќе биде соопштена на претстојното Централно собрание на партијата.