68-годишен маж од Скопје пријавил измама поради лажни полиси за осигурување на имот во Скопје и Дојран. Женско лице се претставила како осигурителен брокер и му понудила полиси, за кои тој платил вкупно 48.875 денари, дел на трансакциска сметка, а дел во готово.
Откако не ги добил полисите, сфатил дека бил измамен и случајот е пријавен во полиција. Се преземаат мерки за расчистување на измамата.