Таговна ноќ за Охрид – животот го загуби 16-годишниот Анастас Каровски, млад фудбалер на ФК Охрид, кој трагично загина во несреќа со мопед.
Како што потврдија од клубот, несреќата се случила на регионалниот пат Охрид – Свети Наум, кај населбата Рача. Мопедот со кој се движел удрил во столб, а Анастас подлегнал на повредите во болницата „Св. Еразмо“.
Неговиот пријател, кој бил со него на мопедот, се здобил со тешки телесни повреди.
Фудбалскиот клуб Охрид се прости со емотивна порака: „Почивај во мир, ангелу“.