ПРВ.мк
Балкан

Мајкл Џордан со огромен бакшиж - Сите останаа во шок по потегот во срцето на Атина

Мајкл Џордан со огромен бакшиж - Сите останаа во шок по потегот  во срцето на Атина
Escape

Најголемата кошаркарска икона, Мајкл Џордан, неочекувано стана вест во Грција – не поради кошарката, туку поради неговата неверојатна дарежливост. За време на приватна вечера во елитен ресторан во Атина, Џордан оставил бакшиш од 10.000 евра, што ги изненадило и вработените и јавноста.

Посетата на Џордан на Југоисточна Европа вклучуваше Хрватска, Црна Гора, а своето патување го заокружи во Грција, каде што со ѕвезди како Лука Дончиќ и Зајон Вилијамсон го претстави новиот правец на брендот „Jordan“. Но, токму таа вечерна атмосфера, со специјално мени од морска храна и традиционални грчки јадења, го натерала Џордан да направи гест кој веднаш стана вирален.

Очевидци тврдат дека вечерата завршила со трогателен говор, во кој Џордан ја споредил Грција со земја на богови и легенди, велејќи дека токму од таа митологија црпи инспирација за новата етапа на брендот.

Иако медиумите го прикажуваат бакшишот како чин на благодарност, некои се прашуваат дали токму оваа вечера била повеќе од обичен оброк – можеби почеток на нова инвестиција или амбасадорска кампања?

Едно е сигурно – каде и да оди, Мајкл Џордан не поминува незабележано.

Mia Home Mavrovo