Голем хаос вечерва го зафати центарот на Белград, каде што пред Народното собрание се собраа голем број граѓани во знак на поддршка за Дијана Хрка – мајката на трагично загинатиот Стефан Хрка, која утрово започна штрајк со глад.
Од теренот се пријавуваат силни тензии и топовски удари кои одекнуваат околу парламентот, додека полициските сили се распоредени за да го контролираат собирот. Атмосферата е напната, а протестот брзо прерасна во инцидентна ситуација.
Се очекува повеќе информации во текот на вечерта околу развојот на настаните и реакцијата на српските власти.
















